Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Македонската економија оди надоле, инфлацијата повторно расте

Sdsm 1.png
Dik 300x250 mk

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ: 

Целосен дебакл на погрешните економски политики на власта на Мицкоски и ДПМНЕ. Македонската економија оди надоле, животниот стандард на граѓаните опаѓа а инфлацијата повторно расте.


Во месец јануари, инфлацијата достигна 4,9 %, факт што го констатира и Меѓународниот монетарен фонд. Статистика измери дека трошоците на живот во јануари пораснаа за 4,9%, а индексот на цени на мало за 5,2%.

Додека платите стагнираат, граѓаните имаат се помалку пари во џебовите и тие го носат целиот товар на неспособната власт.

И останатите економски параметри се лоши

Индустриското производство паѓа четири месеци по ред. Во декември имаше пад од -1,4%, во ноември -3,5%, во октомври -1,1%, а во септември цели -7,9%.

Буџетскиот дефицит за два месеци достигна рекордни 7,8 милијарди денари. Владата троши многу повеќе отколку што прибира.

Јавниот долг веќе е над 70% од БДП. Прашањето е дали владата заглави и нема пари па ги троши парите од Унгарскиот кредит за други намени?

Секој ден гледаме како цените растат, а платите стојат во место. Владата вети просперитет, но донесе нова економска криза.

Можете да прочитате

12 годишен битолчанец ограбил автобус со ученици кој биле на екскурзија

При претрес во Охридско пронајдени пиштоли, пушки и муниција

Вториот круг од локалните избори ќе го следат 1598 акредитирани набљудувачи, 933 домашни и 651 меѓународен