Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Криминалецот Симе познат по сликите со Мицкоски пука со калашников

Sdsm.webp.webp

Соопштение за јавност на СДСМ:

Излезе цел албум со слики на Мицкоски со криминалецот С.З., познат како Симе, уапсен со поголема количина дрога, оружје, муниција и пари.

Откако ВМРО тврдеше дека станува збор „само една фотографија”, излегоа повеќе. Од тогаш молк.

Молчи ВМРО, молчат институциите.

Се бега од одговор каква е поврзаноста на Мицкоски и ВМРО со криминалецот Симе?

Свиркачи до АКТ СДСМ доставија видео на кое се гледа како Симе, криминалецот од сликите со Мицкоски, пука со автоматско оружје – калашников.

На собир со знамиња на ВМРО, Симе пука со калашников. Самото поседување автоматско оружје е незаконско, а пукањето покажува дека предизвикал и општа опасност.

Кој смее вака да се однесува и ова да го прави? Пукање со калашников пред маса на луѓе и воопшто да не се грижи дали ќе биде уапсен?

Само оној што е директно поврзан со власта, оној којшто е заштитен од власта и работи за неа.

Мицкоски не може да се крие, мора јавно да одговори – што го поврзува со криминалецот Симе?

Можете да прочитате

Уапсени повеќе возачи низ државата, возеле без возачка дозвола, со изречена забрана и под дејство на алкохол

Царинската управа лани поднела 213 кривични пријави до ОЈО и ОЈО ГОКК

ОЈО отвори предмет за случајот со „извоз на мозоци“ во САД