Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Комични изјави на Мицкоски за кукавичко јајце, не знае како да се извади што помилуваа нарко босови

Sdsm 1.jpeg

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Комичните изјави на Христијан Мицкоски во стилот „јас не сум од тука” се показател дека власта е фатена жива како помолува нарко босови и не знае како да се извади за огромниот скандал.

Одлуката за помилување криминалци и нарко босови од кланот Барон е донесена  и потпишана лично од претседателката Сиљановска Давкова, на предлог на Комисија којашто самата си ја избрала.

По жестоките реакции на јавноста власта се загуби и не знае како да го покрие овој скандал па гледаме фарса и театрални потези.

Во стилот „не е знајала” Силјановска прво се обиде да ја префрли вината на Комисија. Откако тоа не помина власта го уапси Акиф Равмановски обидувајќи се да го покрие скандалот со помилувањата и да ја намали штетата од катастрофалната одлука.

Фарсата кулминираше денеска со комични изјави на Мицкоски за кукавичко јајце.

Нема бегање, се е јасно, ВМРО-ДПМНЕ-ЗНАМ и ВЛЕН е во дил со криминални структури.

Наместо да се прави дека не е тука Мицкоски да одговори дали тој го нарача помилувањето? Кој ќе понесе одговорност за овој скандал?

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер