
Прес конференција на Богданка Кузеска портпаролка на СДСМ:
Почитувани граѓани, почитувани медиуми,
Добро е што Државната комисија за спречување на корупција отворила предмет за судир на интереси, непотизам и корупија во врска со тендерите во министерството на Стефан Андоновски.
Тоа го поздрауваме.
Сега очекуваме овој скандал, оваа финансиска афера во која жената е Државен секретар а мажот добива тендери да биде целосно брзо расчистен и да следува одговорност.
Фактите се кристално јасни: фирмата на сопругот на Клинчарова добила два тендери, а министерот Андоновски е потписник на договорите. Иако се обидуваше да ја оправда оваа скандалозна ситуација со апсурдни изговори сепак ги призна тендерите.
Ова не е само судир на интереси – ова е очигледен случај, основано сомнение за корупција.
СДСМ денеска изнесува дополнителни информации кои ќе ѝ помогнат на ДКСК, но и на сите надлежни институции, во целосно расчистување на овој случај.
Денеска ќе објавиме дека сопругот на државната секретарка, Мартин Клинчаров, кој ги добвал тендерите во министерсвото на Андоновски е жесток поддржувач на Мицкоски и ДПМНЕ.
На неговиот профил на Фејсбук може да се види дека учествувал на партиски состаноци во Белата палата, за што објвувал и слики.
Кличаров го има и по штабовите на ДПМНЕ, по Општинските комитети, со градоначалници, пратеници и други функционери од владејчката партија.
Во своите објави Клинчаров жестоко го брани Мицкоски од, како што самиот вели „бардовите” на новинарството.
Ова е потврда дека станува збор не само за семејсна туку и за партиска поврзаност, директен линк и со ДПМНЕ.
Ете каде завршуваат парите на граѓаните.
Одговорност мора да има за овој скандал.
Првиот чекор на ДКСК е во вистинска насока, но сега е на ред завршница на предметот но и вклучвање на Јавното обвинителство – правдата мора да биде задоволена!
Тендерските мрежи на ВМРО-ДПМНЕ мора да бидат разобличени, а одговорните санкционирани.
СДСМ нема да дозволи оваа афера да биде заташкана – секој чинител во оваа криминална мрежа мора да одговара пред законот!