Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Кавгите на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и Данела не се веќе на грб на скопјани

СДСМ: Кавгите на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и Данела не се веќе на грб на скопјани

„Претседателот Ковачевски ја тргна блокадата, сообраќајниците во Скопје им се вратени на граѓаните, кавгите на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Данела Арсовска не се веќе на грбот на скопјани. Граѓаните на Скопје не заслжуваат преку нив да се наплатува неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и Арсовска“ соопштуваат од владејачката СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Оттаму порачуваат „одблокираните скопски улици се придобивка за граѓаните на Скопје. Очекуваме улиците да останат отворени и граѓаните да можат да се движат слободно во главниот град. Во наредниот период сите засегнати страни, од градот Скопје и превозниците треба да седнат и да разговараат за изнаоѓање на решение. Преку дијалог, без закани и НЕ врз грбот на граѓаните!“.

„Граѓаните на Скопје плаќаа превисока цена со блокадите, само поради кавгите на Мицкоски и Арсовска. Се покажа дека ВМРО-ДПМНЕ е неспособна и деструктивна партија која не може ниту најнормален дијалог да воспостави, а не пак да понуди некакво решение“ се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Не стигнало барање за одземање на имунитетот на судијата Ристов, вели Камбовски

Утре ќе се бира шеф на Скопското обвинителство

Лимани од Букурешт: Северна Македонија гради модерен, инклузивен и дигитализиран систем на социјални услуги