Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Измамата со кошничката се гледа во маркерите –  повисоки цени наместо пониски

Sdsm.png

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Зголемените трошоци за живот се претворија во сериозен товар за македонските семејства. Наместо да се намалат цените сега се зголемија. 


Основните прехранбени производи веќе не се достапни за сите, тие сега стануваат луксуз. Оваа состојба е директна последица на неспособноста и манипулациите на власта предводена од Мицкоски со така наречените кошнички кои немаат никаков ефект.

Изматата со „новогодишната кошничка” се гледа во маркетите, наместо пониски има повисоки цени. Фактите зборуваат сами за себе:

Цената на зејтинот порасна од 83 денари (цена од 1 октомври) на 97 денари.

Јајцата, кои се продаваа од 75 до 85 денари, сега се над 100 денари, дури и до 140 денари за едно пакување.

Кашкавалот од некои производители веќе надминува 600 денари за килограм.

Јогуртот со 3,2% масленост достигнува над 72 денари.

Ова се фактите кои потврдуваат дека мерките на власта не ја олеснуваат, туку ја влошуваат ситуацијата за граѓаните.

Трговците прво ги зголемија цените, а потоа мерките стапија во сила, без никаква реална корист за луѓето.

Власта на Мицкоски дозволи трговците да се богатат на грбот на граѓаните.

Можете да прочитате

РКЕ одлучи: Од полноќ поскапуваат дел од горивата

Минималната синдикална кошница за декември 62.861 денар, зголемена за 840 денари во однос на ноември

СДСМ: 20 дечиња починале на Клиника, Мицкоски и ДПМНЕ мува не ги лази