Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Издиша уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ, овојпат за ново парламентарно мнозинство

СДСМ: Издиша уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ, овојпат за ново парламентарно мнозинство

„Собранието на Република Северна Македонија со 63 гласа го изгласа предлогот Ристо Пенов за нов министер за локална самоуправа. Со денешното гласање, издиша уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски за наводно ново парламентарно мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата“ соопштуваат од владејачката СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Оттаму порачуваат дека „со месеци Мицкоски ги лаже граѓаните, го лаже членството дека само што не направил ново мнозинство и не формирал нова Влада. Во реалноста нема и нема да има ништо од тоа“.

„Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ е стабилно, посветено на работа во интерес на граѓаните и носење на потребните законски решенија важни за преговарачкиот процес со ЕУ и за напредокот на државата“ велат од СДСМ.

Можете да прочитате

СДСМ Бараат оставка од Филипче – Монти Пајтон политиката на ВМРО

Не стигнало барање за одземање на имунитетот на судијата Ристов, вели Камбовски

Утре ќе се бира шеф на Скопското обвинителство