Утрински Весник
Македонија

СДСМ исклучува можност некој од нивните пратеници да не гласа за влез на Алијансата во Владата

(Видео) Шкријељ: Со СДСМ има континуиран раст на пензиите, за една година покачување од 16%

Пратеничката Санела Шкриељ од СДСМ уверува дека сите пратеници од нејзината партија ќе гласаат за разрешување и именување на новите министри и заменици во Владата. Со ова, таа ја исклучува можноста некој да не ги поддржи разрешувањата предложени од Димитар Ковачевски и Владата, но и можноста да не бидат поддржани именувањата на новите кадри од Алијанса за Албанците

dobivaj vesti na viber

„Да немате дилеми дека парламентарното мнозинство е зајакнато и стабилно и дека предлозите ќе бидат поддржани“, кажа Санела Шкриељ од СДСМ.

Во Собранието продолжува дебатата за разрешувањето на Беким Сали од Алтернатива од позицијата министер за здравство. Пријавени за збор се сите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, како и еден независен пратеник и еден од СДСМ.

Нема временско ограничување за тоа колку ќе трае дебатата за разрешување на тројцата министри и двајцата заменици од Алтернатива, како и заменикот од т.н. огнена група на ДУИ.

Можете да прочитате

Условна казна затвор од две години без забрана за вршење на дејност за онкологот Мери Пешевска, која призна вина во случајот Онкологија

Родителите се сомневаат на лекарска грешка, а пријавен бил и инцидент во тетовската болница – Обвинителство нареди обдукција

Меџити: Воздухот во Трубарево е чист, се чекаат резултатите за почвата