Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Христовски го демантираше Мицкоски дека бил прислушуван, АНБ да ги декласифицира документите

Sdsm.jpeg

Власта да не бега од вистината, АНБ веднаш да направи декласификација на целата документација поврзана со случајот кој се обиде да го претстави како наводна афера за прислушкување. Не е точно дека преку судска постапка треба да се декласифицирата документите, тоа е само алиби, параван зад кој се крие вистинската намера на власта, се вели во соопштението од СДСМ.

Законот е јасен „тој што класифицира, тој и декласифицира“. Во овој случај тоа е АНБ и треба да се направи веднаш.


Не може да се фрлаат обвинувања во јавноста без ниту еден доказ, без факти. Ваквото однесување ја поткопува довербата во тоа што го кажува власта, фрла сериозни сомнежи за намерна манипулација опасна игра на ВМРО-ДПМНЕ.

Како тоа премиерот Мицкоски тврди дека наводно бил прислушуван а директорот на АНБ Христовски да кажува друго, дека станува збор за прибирање информации за таргетирани лица.

Некој тука лаже свесно.

Само преку декласификација јавноста ќе ја увиди реалноста, дали и кој правел злоупотреби. Ако не се направи декласификација власта ќе потврди дека целиот случај е креиран заради политички мотиви и злоупотреба на агенцијата во партиски цели на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Доставени осум случаи до Интерната комисија, побаран надзор и од Лекарската комора, истакна Алиу

Петровска: АНБ лажат, законот јасно кажува дека тие ги декласифицираат документите

Грчките спасувачи трагаа по Македонка во морските води, капачката била пронајдена жива и здрава на копно