Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Христијан Мицкоски е во целосно заложништво на Апасиев

СДСМ: Левица и Апсиев се реална закана за европскиот пат, Мицкоски е нивни заложник

„Нема да дозволиме никој да профитира на грбот на народот и да го осиромашува. СДСМ е тука за граѓаните, го штити стандардот и никој не е оставен сам во време на криза“, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Според нив, одлуката за замрзнување на цената на белиот и полубел леб од 450 грама на најмногу 33 денари е оправдана, фер и во интерес на граѓаните.

„33 денари за еден леб е цената која е фер кон граѓаните, но и која носи профит кај пекарниците. Никој нема да биде оставен сам во оваа сериозна ситуација, државата, институциите преземаат сѐ за да се спречи профит на поединци на штета на граѓаните. Контролите на надлежните институции продолжуваат и денеска низ сите градови во државата. Нема да дозволиме никој да профитира и да го осиромашува народот. Оваа мерка која е за заштита на стандардот на граѓаните, наиде на критика само кај ВМРО-ДПМНЕ и Левица“, велат оттаму.

Како што дополнуваат, наместо да застанат зад интересите на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ под заложништво на Левица се зад профитерите.

„Христијан Мицкоски е во целосно заложништво на Апасиев и покажува дека не му е грижа за граѓаните“.

Можете да прочитате

Пенка Мукаетова именувана за нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија

ЦУК преку СМС порака известува за кризната состојба прогласена за пожарите

Околу половина час се чека за влез во земјава на Табановце