Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Груби го пуштивте да избега и за тоа сте сами вие одговорни

Sdsm 1.jpeg

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Со потсмев ги следиме обидите на ВМРО-ДПМНЕ да ја префрлат вината за бегството на Груби врз СДСМ. Обидите да ја изманипулираат јавноста дека СДСМ знаел за криминалот на Груби, а не го процесирал, е само невешт спин да се отргне вниманието од клучниот проблем и прашање,а тоа е – зошто Тошковски дозволи Груби да избега? 


Артан Груби и сите за кои во моментот има постапки мора да одговараат пред законот.  Но за жал, тоа очигледно нема да се случи откако мистериозно Груби исчезна. Го прашуваме ВМРО-ДПМНЕ, кој е политичкиот договор и цена за пуштањето на Груби? 

Зошто ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски молчат за тоа дека „случајно” не работеле камерите, „случајно” полицајците не знаеле кого треба да проверуваат, „случајно” згрешил службеникот на границата инаку кадар на Тошковски. 

Границата со Косово се потврди дека откако е ВМРО-ДПМНЕ на власт е главен канал за бегање на криминалците. Прво избега Блерим Рамадани, па се шеташе Гаши со сватовите на свадба без проверка, сега се прошета и Груби. Можеби е време да ја отворат целосно за да не се трошат пари за одржување, па така и граѓаните ќе видат некаков ќар.

Можете да прочитате

Шест месеци ни трага ни глас од Злата Јанкова од Свети Николе

Намалена видливост поради магла до 30 метри од село Лисец до Попова Шапка

Воздухот во затворен простор е 5 до 10 пати позагаден од надворешниот – Прочистувачите за воздух се прва одбрана од загадувањето во домот