Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ една година ништо не работат, а допрва бараат идеи од граѓаните

Аферата „Броило“ ќе открие фирми блиски до власта кои правеле милиони во време на кризи, најави опозицијата

ВМРО-ДПМНЕ е безидејна партија, а нејзините градоначалници се разочарување за граѓаните. Повеќе од една година ВМРО-ДПМНЕ е власт во над 40 општини, повеќе од една година тие општини тонат во безидејност и бесперспективност, нема нови проекти, има само партизација на општините, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека по една година од мандатот градоначалничите од ВМРО-ДПМНЕ допрва ќе собирале идеи за проекти од граѓаните. Тоа значи дека ништо од своите програми не реализирале, дека ги игнорираат ветувањата дадени пред изборите и дека ги залажуваат граѓаните.

Наместо да се затвораат во скапи хотели, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ конечно нека почнат да работат за интересите на граѓаните.Една година локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ е една година стагнација на општините, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт