Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Гордана Силјановска е недостојна за Претседател

Gordana Sil Anovska Davkova E1726556631884.jpg

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ

По вчерашното интервју на Гордана Силјановска повеќе од јасно е дека таа нема ниту капацитет, ниту достоинство да биде претседателка на дравата. По скандалозната посета на Софија, таа сега информираше дека свесно решила да се слика без знаме за наводно да не направела скандал. Свесно се сликала и свесно ја објавила фотографијата, па според ова таа свесно предизивикала понижување на државата и граѓаните. 

Силјановска одлучила да ја понижи државата и нејзините граѓаните за таму во моментот да не и биде непријатно. Фактот што нашата делегација според нејзините тврдења отишла целосно неподготвена, без никаква координација со протоколот на Радев и без знаење за тоа што е планирано од протоколарни активности, укажува на целосно отсуство на одговорност и професионализам во нејзиниот тим. Аматерски подготвена посета која однапред била осудена на фијаско. 

Во услови кога Северна Македонија има исклучително важен период и одлуки кои треба да ги донесе, ваквиот аматеризам во дипломатијата е недозволив. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се директно одговорни за овој срам, заедно и на чело со Тимчи Муцунски кој исто како Силјановска, вчера немаше ниту еден конкретен одговор на ниту едно прашање при неговото гостување. Комплетна неспособност и недостојност за големи меѓународни политики демонстрира тимот на Мицкоски.

Можете да прочитате

Приведен тинејџер, од него одземена марихуана

“МЕТЕОАЛАРМ” АКТУЕЛНА НАЈАВА И ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ни следуваат пообилни врнежи од дожд, локално поројни и проследени со грмежи – Можно е невреме!

Стојаноски: Заемот од Унгарија ќе биде искористен за инфраструктурни проекти во општините од 250 милиони евра и 250 милиони евра за евтини кредити кон стопанството