Утрински Весник
Македонија
Img 7972

СДСМ: Го болеа ли Мицкоски колената кога се сликаше како се качува по Водно?

Sdsm.webp.webp
Img 7972

Премиерот Христијан Мицкоски во интревју за Топ Тема на Телма Телевизија ги призна луксузните патувања со бизнис класа, скапите карти до 20.000 евра платени со народни пари, велат од СДСМ како реакција на ставовите на Мицкоски дека тој се возел со бизнис класа поради тоа што имал проблеми со колената.

„Со смеа и неверување јавноста и граѓаните ги слушнаа „оправдувањата” на Мицкоски дека причина биле проблеми со колениците. Дали сите 3 министри во Владата на Мицкоски кои беа во Вашинготн на државна сметка имаат исти проблеми со колената па мораат да патуваат со бизнис класа? 

А кога се сликаше на Водно како се качува Мицкоски имаше ли проблем со колениците ?

Мицкоски лаже и си игра мајтап со тие што го плаќаат, граѓаните. Скапи авионски летови и бизнис класи од 20.000 евра, часовници од 60.000 евра, имоти на поклон од 300.000 евра додека вели дека нема пари за поголеми плати за работниците. Ова ја покажува ароганцијата и потценувањето на граѓаните но и начинот на којшто ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ќе се однесуваат, душмански со парите на граѓаните, за сопствени луксузирања“ велат од СДСМ.

Можете да прочитате

ССКМ ја зацврстува регионалната лидерска позиција: Тимот на ССКМ предводен од Претседателот Ѓорѓиевски на конференцијата ФИННО во Будва

ЗЛАТНА ЛИРА – ФЕСТИВАЛ НА МУЗИЧКИТЕ УМЕТНИЦИ НА МАКЕДОНИЈА

Избран изведувач за изградба на Универзална сала