Утрински Весник
Македонија

СДСМ:Гeроски го спореди претседателот на СДСМ со убиец на деца

Sdsm.webp.webp

Почитувани граѓани на Македонија,

По многубројните напади кои не престануваат, врз СДСМ и претседателот Венко Филипче, од страна на платениците на ВМРО, Бранко Гeроски – Геро, неговата колешка Ивона Талевска, позната по врската со Латас, лагите што ги пишуваат од нивниот центар – кујната на лаги на ВМРО, секојдневно и непрекинато шират дезинформации и лаги, сега отидоа чекор понатаму.

Денес го споредија претседателот на СДСМ со Џим Џонс, убиец на деца.

Покажувајќи колку е овој фрустриран старец, болен човек и срамен за новинарската професија, вистинско зло на новинарството кое го деградира целиот еснаф.

Џонс е одговорен за смртта на преку 900 луѓе, вклучувајќи повеќе од 300 деца отруени со цијанид во Џонстаун, а ова споредување не е само бесмислена лага туку и длабока навреда за жртвите и нивните семејства.

Сега, кога споменува и убивање на деца во своите напади, јасно е дека ја преминал секоја граница на пристојноста.

Сакаме да ги известиме граѓаните дека денес ќе поднесеме осма претставка до Здружението на новинарите, ЗНМ, заради целосна одговорност и заштита од ваквата токсична, отровна содржина.

Овој начин и сè што прави тендер коалицијата ВМРО/ЗНАМ, со ваквите свои сателити во  дел од порталите, го загрозуваат секое граѓанско и демократско право.

Центар за комуникации СДСМ

Можете да прочитате

Битиќи: Состојбите денес и во 2016 година не се разликуваат

Ристо Никовски контра Муцунски: Македонија нема никакви специјални односи со САД

Македонскиот пасош подобро рангиран од БиХ и Албанија