Утрински Весник
Македонија
Img 7972

СДСМ: ФРОНТЕКС е веќе активен, сите лаги на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за бугаризација се потопени

СДСМ: Трипуновски со фалсификати ја манипулира јавноста
Img 7972

Започна Заедничката операција под закрила на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража ФРОНТЕКС со соработка со македонската полиција, откако Договорот беше ратификуван од страна на парламентарното мнозинство предводено од СДСМ, се вели во соопштението на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Договорот со ФРОНТЕКС е прв договор потпишан со ЕУ на официјален македонски јазик, со чиста формулација, без додавки и фусноти, каде нашиот македонски јазик е рамноправен со сите останати јазици на ЕУ. Со тоа и официјално пропаднаа сите лаги и хистерии што ВМРО-ДПМНЕ и Левица ги пласираа за наводно бришење и загрозување на македонскиот јазик. Нема никава бугаризација, ниту асимилација како што лажеа Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, додаваат од СДСМ во соопштението.

Напротив, велат од СДСМ, има признавање на македонскиот официјален јазик и напредок во евроинтеграциите, а овој Договор е дополнителна заштита на нашите граници, на нашиот територијален интегритет и додаваат деа благодарение на храбрите и државнички одлуки на СДСМ и коалицијата, денес Македонија е препознаена како земја – фактор на стабилност во регионот, кредибилен партнер во одржувањето на мирот и безбедноста.

Можете да прочитате

Почнува постепената имплементација на Системот за влез/излез во Шенген зоната

Променливо облачно со сончеви периоди

Мицкоски: Нема предавство со Бугарија!