Христијан Мицкоски е прв и главен паразит на ВМРО-ДПМНЕ. Додека бил советник за енергетика, директор на АД ЕЛЕМ, но дури по неговото разрешување, Мицкоски добил над 93.000 евра пари од граѓаните. Во времето на ВМРО-ДПМНЕ, кога минималната плата беше 8.000 денари, Мицкоски земал речиси 100.000 денари плата од ЕЛЕМ, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата наведуваат дека покрај тоа што земал хонорари и плата од АД ЕСМ Мицкоски добивал надоместок и после неговото разрешување, на име разлика во плата од АД ЕСМ добивал месечно 60.444,00 денари. За 12 месеци му се исплатени вкупно 805.920,00 денари бруто. По раскинување на менаџерскиот договор, примил уште над 13.000 евра пари од граѓаните.
Од СДСМ додаваат дека покрај Мицкоски и Гордана Кочоска Димитриевска примала надомест по разрешувањето од функцијата член на управен одбор и директор за финансии на тогашното АД ЕЛЕМ. Гордана Кочоска Димитриевска уште една година примала цела плата од 66.432 денари нето.
Еве кои се вистинските паразити и по разрешување од функцијата продолжиле да земаат пари од граѓаните иако можеле да се откажат од таквата придобивка, се вели во соопштението.