Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Единствено Мицкоски не кажа збор за дискриминацијата врз жените и не ги осуди заканите на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: После толку лаги, Мицкоски треба да им се извини на граѓаните

Христијан Мицкоски е единствениот кој не кажа ниту збор за случајот со ксенофобија, дискриминација, омаловажување и деградирање на жените на интервју на Јутјуб канал за кој надлежни институции веќе постапуваат, соопшти СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„ Исто така, Христијан Мицкоски не го осуди ниту бруталниот чин на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски кој во собраниската сала ја навреди и се обиде физички да ја нападне пратеничката Жаклина Лазаревска.

Мицковски требаше јавно да се произнесе, да ги осуди овие случаи и да ја искине партиската книшка на секој еден член на ВМРО-ДПМНЕ кој вака постапува. Во време кога целата јавност испраќа јасна порака против говорот на омраза и сите форми на родово базирано насилство, Мицкоски молчи за овие случаи.

Прашњето е дали со овој начин на однесување, дали со молкот Мицкоски се става на погрешна страна и индиректно ги заштитува протагонистите на говорот на омраза и омаловажување на жените?“ порачаа од владејачката партија.

Можете да прочитате

Како пет тона дрога завршиле во Србија преку Македонија, прашуваат од СДСМ

10годишно девојче повредено од заталкан куршум во општина Сарај

Бујар Османи во работна посета на Вашингтон