Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Ќе побара ли Мицкоски одговорност од претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?

Sdsm.jpeg

Скопје е задушено во чад поради горењето на депониите, граѓаните со најскапото нешто – со своето здравје ја плаќаат цената на непособноста и лагите на ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението на СДСМ.

„Даме Димитровски, актуелен советник на премиерот Христијан Мицкоски за животна средина и поранешен претседател на Комисија за животна средина на ВМРО-ДПМНЕ, е претседател на Управниот одбор на Дрисла. (https://drisla.mk/organizacziona-struktura/ ) Ќе побара ли сега Мицкоски одговорност од него?“, прашуваат од СДСМ.


Од таму додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ имаше и директор на Дрисла – Јане Мицевски, човек без никакво соодветно искуство, магистер за туризам и менаџмент, како и дека со депонијата Вардариште со децении управуваат нивни градоначалници, од Коце Трајановски, до Бобан Стефковски.

Пред четири години ВМРО-ДПМНЕ и нивните градоначалници ветуваа: „Фабрика за селекција на отпад во Дрисла“,„затворање на Вардариште, намалување на стакленички гасови, покривање и озеленување“, ветуваа „Зелена зона Вардариште“ со спортско-рекреативни терени a Тимчо Муцунски ветуваше дислокација.

Поминаа 4 години ништо од ова не е направено. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не само што ништо не исполнија, не само што ништо не решија, туку ги оставија депониите да го трујат градот, се вели во соопштението на СДСМ.

Можете да прочитате

СДСМ: За состојбата со депониите во Скопје виновни се кадрите на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ со барање до ЈО – Коцевски да не молчи за незаконското следење и злоупотребата на АНБ и АР

И овој викенд на „Табановце“ и „Богородица“ се чека половина час