Утрински Весник
Македонија

СДСМ ќе го поддржи Валбон Лимани за градоначалник на Гостивар

Filipce sdsm gostivar 5.jpeg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со членството во Гостивар информираше дека по разговорите е постигнат заеднички договор СДСМ да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на Гостивар од опозициската Алијанса за Албанците.

„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му даеме поддршка на Валбон”, порача Филипче, додавајќи дека изборниот циклус ќе биде јасен индикатор за опозициското расположение во Гостивар.

Филипче додаде дека партијата има сериозни шанси да биде дел од идната локалната власт, со цел да обезбеди реална поддршка за сите граѓани на Гостивар.

Претседателот Филипче посочи дека притисоците и злоупотребите во изборниот процес се реален проблем и дека токму тоа е една од причините СДСМ да не прифати укинување на техничката (Пржинска) влада.

Можете да прочитате

ЛДП бара итно расчистување на случајот во Тафталиџе и електронска нараквица за следење на насилниците

Во четврток ни следува краткотрајна промена на времето

Битиќи: Нема да има недостиг на енергенси, но ценовниот удар е неизбежен