Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

СДСМ: ДПМНЕ поднесува политички мотивирани кривични пријави затоа што не може да испорача решение за личните документи

Sdsm 3.jpg
Img 7972

Со месеци на партиски пресови од белиот дворец ДПМНЕ тврдеше дека имаат решение и дека ќе го решеле проблемот со личните документи, пасошите и возачките дозволи. 

Наместо решение, министерот на ДПМНЕ во техничката Влада направи дополнителен хаос, се обиде да создаде паника кај граѓаните со најави за казни и го комплицираше процесот за издавање пасоши.

Наместо да го зголеми капацитетот за сликање и вадење пасоши ДПМНЕ го укина вадењето пасош без закажување. Тоа негативно влијае затоа што го намалува бројот на граѓаните кои можат да се сликаат а од друга страна драстично го пролонгира процесот.

Тоа значи дека граѓаните со месеци нема да можат да добијат нов пасош а го доведува во прашање и законскиот рок за издавање пасош.

Решенијата за возачките и сообраќаните по предлог на СДСМ, но МВР задоцни со реализацијата.

Бидејќи се покажа дека ДПМНЕ не може да испорача решение туку само ги компликува работите со личните документи денеска поднесува политички мотивирани кривични пријави.

Ова нема врска ниту со правото, ниту со процесот ниту со интересот на граѓаните.

Можете да прочитате

По смртта на Панчо Минов, носител на листа за независни советници е неговата ќерка

Подгответе се за змиско сметање на времето – ќе се стемнува пред 17 часот

Битиќи: На Долнени му треба Синани, градоначалник кој ќе обединува и ќе решава проблеми