Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ДПМНЕ не гласаше за Законот за македонски јазик, глупавите оправдувања се потврда за лицемерието

Ковачевски: Ја реструктуиравме македонската економија

„ДПМНЕ и Левица, покажаа негрижа и непочитување за македонскиот јазик со негласањето на новиот Закон за употреба на македонскиот јазик во Собранието. Глупавите, набрзина смислени оправдувања се потврда за нивното лажење, неискреност и негрижа за македонскиот јазик“, обвинуваат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Како тоа ДПМНЕ ќе поднесе амандмани на закон за којшто не гласале да продолжи токму амандманска расправа? Ете до каде оди ДПМНЕ со лагите и лицемерието. Од ДПМНЕ, манипулираат дека македонскиот јазик е загрозен, а не поддржаа ниту една одлука за македонскиот јазик“, велат од СДСМ.

„ДПМНЕ не гласаа ни за Договорот со ФРОНТЕКС, прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ. Не ги поддржаа ниту заклучоците во македонското Собрание за преговарачката рамка, каде е заштитен целосно македонскиот јазик и македонската посебност во ЕУ. Мицкоски и ДПМНЕ не лобираа и не направија ништо ниту кога Германскиот Бундестаг донесе Резолуција за македонскиот јазик, идентитет и култура“, соопшти СДСМ.

„Тоа се истите оние од ДПМНЕ кои ширеа лаги за бугаризација и асимилација, а не гласаа за македонски јазик во македонското Собрание.

Истите оние кои го нарекуваа Блаже Конески „џуџето од Небрегово“. Тоа се најголемите штетници за државата.

Со СДСМ македонскиот јазик и идентитет се заштитени и потврдени, а Мицкоски и ДПМНЕ досега немаат направено ништо освен деструкции, блокади и штета за државата и граѓаните“, се додава во соопштението на владејачката партија.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!