Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ДПМНЕ ја претвори МНАВ во приватна партиска филијала

Mnav 960x533 1.jpg

Соопштение на СДСМ:

Во државата на ДПМНЕ, ни небото не е безбедно од партизацијата која ја спроведуваат секој ден. Институцијата што ја гарантира безбедноста на секој авион што влегува и излегува од македонското небо, М-НАВ, денес е партиска испостава полна со роднини, пријатели и верни војници на партијата.


Прво таму се вработува Атанас Стамнов, човек од Патриотскиот институт на ДПМНЕ, без никакво релевантно искуство во воздушниот сообраќај. Неговата сопруга е Анита Стамнова, директорка на Централниот регистар, што значи дека целото семејство е соодветно вдомено.

Потоа, братот на претседателот на управниот одбор, Владимир Ристовски, е исто така внатре во партиската шема, активен член на општинскиот комитет на ДПМНЕ во Карпош. Неговиот брат, Александар Ристовски, неодамна е унапреден во М-НАВ.

Понатаму, Горан Јандреовски е член на Надзорниот одбор поставен од ДПМНЕ кој е запаметен во Црна Гора како „најлош менаџер”. Овој пат, наместо бизнис, под негова сенка е воздушниот сообраќај на Македонија.

Ова е опасна игра на ДПМНЕ со безбедноста на патниците. Секој полет и секое слетување сега минува низ систем каде врските и фамилијарните линии се поважни од знаењето и стручноста. ДПМНЕ го претвора управувањето со небото во ризична партиска авантура.

СДСМ предупредува уште еднаш, итно да се запрат сите овие ваботувања и промоции и да се уважат барањата на синдикатот со цел професионализација на институцијата.

Можете да прочитате

Млада девојка починала ноќеска во болницата во Тетово 

Во вторник директорката од Демир Хисар и адвокатот на информативен разговор во МВР

Како да натераш Јавен обвинител да си замине? (Прирачник за политички фантастики)