Утрински Весник
Македонија

СДСМ домаќин на регионален состанок со ПЕС: Силна порака за забрзан процес на евроинтеграции

Doma In Na Regionalen Sostanok So Pes Silna Poraka Za Zabrzan Proces Na Evrointegracii 4.jpeg

Денеска во седиштето на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во Скопје, се одржа регионален состанок со Партијата на европски социјалисти (ПЕС).

„Овој значаен состанок во СДСМ на раководствата на социјалдемократските партии од регионот со ПЕС испраќа силна порака за нашата заедничка заложба за забрзан процес на евроинтеграции што за нашите граѓани ќе обезбеди европски стандарди за живот”, рече на состанокот претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

На состанокот е изразена јасна поддршка за европските перспективи на Република Северна Македонија, како и на целиот Западен Балкан, како потреба за квалитет на живот на граѓаните во државите според европски стандарди, но и како потреба за одржување на стабилноста и напредокот и на самата Европска Унија.

„Благодарност до нашите германски партнери и пријатели од ПЕС, СПД и Фридрих Еберт за големата поддршка што ја даваат на демократските процеси во Северна Македонија, вклучувајки го и полноправното членство во ЕУ во следните неколку години. За мене и за СДСМ, соработката со нашите партнери од меѓународната заедница по патот на европските перспективи, е голем мотив да продолжиме со прогресивните политики и да ја формираме и следната влада, којашто конечно ќе го оствари тридеценискиот европски сон на македонските граѓани”, рече на затворениот лидерски состанок претпладнево, претседателот Ковачевски.

Можете да прочитате

Тројца мажи физички нападнале 30-годишник во Чаир

Постигнат договор за цената на црвената пиперка ајварка – 40 денари по килограм ќе се откупува

Млади момчиња уапсени, се обиделе да ограбат ЈЗУ во Велес