Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Добивме нови над 50 милиони евра од ЕУ, европскиот пат носи придобивки за граѓаните

СДСМ: Добивме нови над 50 милиони евра од ЕУ, европскиот пат носи придобивки за граѓаните
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Процесот на евроинтеграција носи конкретни придобивки за државата и за граѓаните, унапредување на инфраструктурата, развој на економијата, раст на стандардот. Европската комисија преку повикот за инвестициски грантови ни одобри уште три проекти, во вредност од над 50 милиони евра, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека средствата се наменети за спроведување на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан и опфаќаат реновирање на шест хидроцентрали, изградба на ветерен парк во Богданци и изградба на регионални центри за цврст отпад во Полог, Пелагонија, Вардар, југозападниот и југоисточниот регион.

Во јули минатата година беа одобрени првите четири инвестициски проекти за спроведување на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан, во вредност од 225 милиони евра, за дел од железницата Македонија-Бугарија, набавка на опрема за фотоволтаичните станици Осломеј 1 и Осломеј 2, за фотоволтаична централа Битола, како и за изградба на пречистителна станица за отпадни води во Скопје.

Од СДСМ велат дека ова е помош за државата да ги изведе реформите, но и побрзо и полесно да ги достигне европските стандарди преку подобрување на животната средина и унапредување на инфраструктурата.

Европските фондови за енергетската независност и за заштита на животната средина носат сериозно подобрување на квалитетот на живот за македонските граѓани.

Европскиот пат носи развој и напредок на државата, европски вредности и сигурна иднина за подобар живот на граѓаните, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Муцунски: Мора да се најде решение со Бугарија за деблокада на евроинтеграциите

Собранието ги усвои законските измени за „Безбеден град“

Мицкоски: Ние одамна заслуживме да бидеме во ЕУ