Утрински Весник
Македонија

СДСМ: До каде е проширувањето на истрагата за Кочани со актуелни функционери и службеници?

Sdsm 1.jpeg

Интегрален текст од соопштене за јавност на СДСМ:

Поминуваат тешки денови од страшната трагедија во Кочани, во која згаснаа 59 животи, а скоро 200 млади беа повредени.  Додека Македонија сè уште тагува, досега истрагата се води селективно. 


Јавноста сè уште нема добиено конкретни информации и одговори од надлежните институции:  Зошто никој од актуелните функционери кои биле на должност и функција кога се случила страшната трагедија не се опфатени со истрагата? 

До каде е истрагата? До каде е најавеното проширување на истрагата со актуелни функционери и службеници?

Молкот на институциите е загрижувачки. 

Истрагата мора да одговори за тоа: 

Кој е одговорен што се случил пожарот кобната ноќ кој однесе толку жртви?

Кој е одговорен за пропустите на МВР, БЈБ, ДПИ, УЈП непосредно пред и за време на настанот?

Одговори и одговорност наместо селективност.

Обврска на државата е да ја каже вистината, да обезбеди правда за жртвите и нивните семејства и да спречи ваква катастрофа да се повтори.

Секој кој затаил и прекршил закон, мора да одговара. Без разлика на функцијата. Без калкулации. Без селективност, без заштита, буквално секој.

Можете да прочитате

Од вкупно испуштените води во 2024 година пречистени се само 22 отсто

Филипче: Младите не заслужуваат ваква власт што им ја одзема иднината

Родителите од Кочани: Ако во оваа држава нема правда, ние вистината ќе ја бараме во странство, пред меѓународните институции