Утрински Весник
Економија

СДСМ денеска ќе ги поднесе првите законски решенија од пакетот мерки за спас на животниот стандард на граѓаните

Sdsm.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Денеска во македонското Собрание СДСМ ќе ги поднесе првите законски решенија од пакетот економски мерки за спас на економијата и животниот стандард на граѓаните.


За само 8 месеци неспособноста на власта драматично ја влоши економската состојба во државата.

Животниот стандард опаѓа, цените на храната пораснаа за 20%, трошоците за живот за 4,9%, сметките за струја се зголемени за 30%, поскапе и парното за 5% а платите стагнираат. Граѓаните имаат се помалку пари во џебовите и едвај врзуваат крај со крај борејќи се огромната скапотија.

И останатите економски параметри се влошени, индустриското производство е намалено за 1,4%, извозот е намален за 5,9% а странските инвестиции веќе се повлекуваат од земјава.

Неспособноста на Владата на Мицкоски ја води земјата во економска криза, додека граѓаните се оставени без никаква помош. Политиките на кошнички доживеаја тотален дебакл а власта нема одговор на растечката скапотија и сирoмаштија.

СДСМ има 7 мерки, пакет решенија за спас на економијата и подобрување на животниот стандард на граѓаните кои вклучуваат: намалување на ДДВ за струја од 18% на 5%, укинување на ДДВ за храна на 0%, замрзнување на цените на основните производи, фиксирање на маржите, зголемување на платите во приватниот сектор и спроведување на законот за нефер трговски практики.

Ги повикуваме сите пратеници во Собранието да ги поддржат овие мерки и да застанат во заштита на граѓаните!

Можете да прочитате

ММФ: Албанија расте економски, но „фискалниот мир“ носи ризици

Владата ќе донира 100 возила за Македонска пошта, најавени и законски измени

ДЗС: Просечната нето-плата за 9% повисока од минатата година