Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Дали дезертерот Ковачки бил и шпион против државата?

СДСМ: Дали дезертерот Ковачки бил и шпион против државата?

Драган Ковачки кој беше полковник во Армијата, дезертираше за политички да му служи на Христијан Мицкоски, соопшти Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

dobivaj vesti na viber

„Денес истиот тој Ковачки излегува во јавноста и во име на Мицкоски шири лаги и невистина во обид да направи дефокус од сомнителниот тендер од 136 милиони евра и кавгите за него во ВМРО-ДПМНЕ.

За каков човек станува збор доволно кажува фактот што Ковачки додека бил дел од Армијата бил казнет поради закани упатени кон началникот на Генералштабот на Армијата.

„Долга е раката на ВМРО“ се заканувал дезертерот Ковачки, а при тоа навредувал и клеветел.

Дали освен закани, навреди и клевети кон претпоставените, Ковачки оддавал и воени и тајни и бил шпион против државата, тоа треба да го одговори самиот Ковачки.

Ете со какви луѓе е опкружен Мицкоски, со дезертери, со лица кои се закануваат и шират невистини“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Можете да прочитате

Македонска гордост: Поп Ацев стана петтиот Македонец кој го преплива Ла Манш за 9 часа и 43 минути

Муцунски во Брисел: Северна Македонија останува целосно посветена на европските интеграции

Мечка во Отуње снимена како пребарува по тераса