Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Да се донесе новиот Закон за градење и стопира постапката за измена на членови од Законот за урбанистичко планирање

Sdsm.webp.webp

Интегрален текст од соопштение на СДСМ:

Апелираме до парламентарното мнозинство да ја стопира постапката на измена на членовите 2, 7, 14, 15, 16 во новите измени на Законот за Урбанистичко планирање. 

СДСМ повикува на отпочнување на собраниска постапка за донесување на новиот Закон за градење кој е веќе изработен во консултации со сите комори, здруженија, невладини организации, а помината е постапката на ЕНЕР.

Постоечкиот закон за градење веќе е тешко применлив поради 34те измени законот. 

Само така процесот на урбанистичко планирање и процесот на градење ќе бидат синхронизорани во употребата, а со тоа ќе има јасна и транспарентна примена на двата сродни закони.

СДСМ е против бришењето на одредби од членот 51, бидејќи со ова се отвора сериозна недореченост и можност за постапување на општините без контрола од министерството за транспорт, со што се губи двостепената контрола при носењето на урбанистичко планските документации – Локалната власт како изработувач и подносител на плановите и централната власт како контрола на процесот. 

СДСМ остро реагира на упадот во системот на урбанистичко планирање со вметнување на катните гаражи на ранг на примарна инфраструктурна мрежа кои ќе можат да бидат реализирани само врз база на Генерален урбанистички план без донесен Детален урбанистички план. Со ова се избегнува увид на јавноста и транспарентност во постапката, што е врвен приоритет за постигнување поквалитетно и хумано живеење при носењето на урбанистичките планови.

Тоа всушност е и целта на овој закон кој беше донесен во 2020 година преку јасни процедури и критериуми до похумано живеење.

СДСМ апелира тековните постапки на носење на урбанистичките планови кои се започнати по стариот Закон за просторно и урбанистичко планирање, а до денеска сеуште не се усвоени да бидат продолжени согласно процедурите од новиот Закон за урбанистичко планирање. Ова веќе е потврдено од Собранието во текот на оваа 2024 година преку автентичното толкување. СДСМ уште еднаш апелира да не се враќаме на примена на веќе непостоечки закон кој не е на сила веќе 4 години. Ова е важно за граѓаните и за општините.

Можете да прочитате

СДСМ: МВР под ВМРО-ДПМНЕ е неспособно и без контрола врз криминалот

Забрана за сообраќај на товарни возила на патот Маврово – Дебар поради обилни врнежи од снег

Студен бран во Македонија: Во деновите од викендот студено време и поројни врнежи