Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Цената на лебот се намали за еден денар, целосно неефикасни мерки на Владата

Sdsm 2.jpeg

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ

Владината мерка за ограничување на маржите на мал дел прехранбени производи не даде никаков резултат, цените не се намалија.

Само еден вид на леб е со намалеена за само 1 денар, кај одредени врсти на месо има симболично намалување од само 10 денари по килограм, што е незначително, а млечните производи, млекото, јогуртот и киселото млеко се со исти цени.

Дури дел од овие цени на производите кои што сега се намалуваат во изминатите неколку недели веќе биле поскапени така да ништо не почувствуваа граѓаните од најавеното намалување.

Задоцнетата реакција на Владата, погрешната мерка и калкуланството со цел да им удоволи на трговците допринесе за тоа денеска граѓаните да немата никаков бенефит.

Живеачката од ден на ден им е поскапа, наместо да ги замрзне цените, власта на Мицкоски ги замрзна платите.

Овој месец а трошоците за храна и пијалок се поголеми за 717 денари во споредба со минатиот месец а просечната плата бележи пад во просек за 1.000 денари.

Со ВМРО-ДПМНЕ стандардот на граѓаните опаѓа а животот на граѓаните станува потежок.

Можете да прочитате

Филипче откри документ: Светска Банка понудила поповолен кредит од унгарскиот

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ е таа партија која прави дестабилизација на државата

Филипче: Мицкоски нема право да ги прекине преговорите со ЕУ, државата не е негова приватна своина