
Прес конференција, Снежана Калеска, Правна комисија на СДСМ:
Почитувани,
Очигледно дека соочени со намалена поддршка од граѓаните ВМРО-ДПМНЕ го покажува повторно своето вистинско лице, ја злоупотребува власта и институциите за сопствени партиски цели.
Ова го загрозува изборниот процес и мора веднаш да престане.
Ден пред изборите и започнат изборен процес со гласање на болни и немоќни лица, во изборен молк констатирани се повеќе прекршувања на изборниот законик.
На избирачкиот список се наоѓа починато лице уште од 2024 година, а дополнително се нашло и на листа на советници за Град Скопје, поднесена од коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ.
Надлежност за прочистување на списокот е директно на МВР и Панче Тошковски.
Како се случило ова мора да одговори Тошковски.
Уште колку вакви примери за починати лица кои се нашле на избирачки список има?
Понатаму,
Во општина Градско регистрирани се закани кон членови на Избирачки одбори и вработени, лично од кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Киро Нацков. Заканите биле директни, на телефон, со порака дека доколку се појават на избирачко место како контролори или овластени набљудувачи на СДСМ ќе бидат избркани од работа.
Во Јегуновце е констатирана е злоупотреба на лични податоци на гласач и спротивно на нејзината волја е пријавена за гласање на болни и немоќни лица од страна на ВМРО-ДПМНЕ. По нејзина лична реакција ливчето е побарано да биде неважечко.
Локалните моќници од ВМРО-ДПМНЕ, во Демир Хисар и Сопиште, го кршат изборниот молк и изборниот законик.
Денеска на 18.10 на големо се вршат градежни активности односно асфалтирања на локални патишта како што може да се види на фотографиите кои покажуваат на локација и се наоѓаат меѓу селата Чифлик и Долно Соње.
На сите овие злоупотреби се надоврзуваат и злоупотребите во текот на самата кампања, присуството на полициски началници и командири во партиски простории и штабови на ВМРО-ДПМНЕ, нивно активно агитирање за ВМРО-ДПМНЕ, што е кршење на повеќе закони.
Веќе реагиравме и за назначувањето на роднини на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ во ОИК Зелениково, ОИК Кратово и други неправилности.
За сите овие констатирани прекршувања СДСМ ќе поднесе соодветни пријави и поднесоци.
Слободната волја на граѓаните е најсвето нешто и бараме ВМРО-ДПМНЕ да престане да го компромитира изборниот процес.
Надлежните институции да преземат мерки со кои ќе обезбедат фер и демократска изборна трка.
Изборен поткуп, закани, заплашувања, уцени и грубо кршење на изборниот законик и целиот процес, да го постигне за нив посакуваниот резултат се познати методи на матрицата на ВМОР-ДПМНЕ, но за тоа ќе има и одговорност.