Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Бојкотот е порака и за власта која не ги спречи енормните поскапувања

Sdsm 1.jpeg

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Граѓаните самите се организираа и преку бојкот на маркети крена глас против високите цени и енормните поскапувања.


Бојкотот е порака и за власта на Мицкоски која не ги заштити граѓаните, не презеде навремени и ефикасни мерки и не го спречи растот на цените.

Токму Мицкоски, на 5 декември 2024 година, на прес конференција во Владата  ја промовираше „кошничката” и рече дека над 600 производи ќе поевтинат.

Па потоа тераше евтини ПР кампањи и ги убедувавте граѓаните дека кошничките имаат ефект, дека цените се намалени.

Но, наместо да се намалат цените се зголемија. Затоа што Владата им оставив време на големите трговци да ги покачат цените на производите пред да стапи мерката во сила.

Буквално се поскапе. Зејтинот, јајцата, млечните производи, шеќерот, грашокот, гравот, леќата….Синдикалната кошничка се искачи на 63 илјади денари а платите стагнираат. Дестина милиони евра се испумпани од џебовите на граѓаните.

Сиромаштијата расте а власта нема економски мерки и политики кои ќе одговорат на потребите на граѓаните.

СДСМ предлагаше конкретни мерки и решенија за да се спречи растот на цените, како законот за намалување на ДДВ на храната на 0%, законот за зголемување на минималната плата, предлозите за зголемување на платите по сектори.

Но, арогантната власт тоа го одби.

Затоа, целосно е разбирлив револтот на граѓаните од поскапувањата и начинот на којшто тоа го покажаа.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Левица по теркот на кампањите за Мартин Нешкоски и Тамара ја злопупотребуваат и трагедијата на Фросина

Најден е телефонот на исчезнатиот Миле од Неготино, семејството бара помош од институциите

Тошковски: СДСМ намерно злоупотребува трагедија, затворите не се во надлежност на МВР туку на Управата за извршување санкции