
Вистината е како шило. За една година власт ВМРО-ДПМНЕ ја доведе државата во најголема економска несигурност, Македонија се претвора во земја на сиромаштија и неизвесност, стои во соопштението на СДСМ кое МИА го пренесува интегрално.
Инфлацијата е 4,8% основните трошоци се зголемени за 4.300 денари. Цените во Македонија достигнаа 60% од европскиот просек, додека платите остануваат далеку под нивото, само 35% од европскиот просек.
Со ВМРО-ДПМНЕ граѓаните осиромашуваат.
Ударот врз куповната моќ на граѓаните е резултат на неспособноста на владата на ВМРО-ДПМНЕ и дебаклот на сите нивни промашени економски политики.
Бидејќи ВМРО-ДПМНЕ не испорача никаков резултат а разочарувањето кај граѓаните е огромно штанцаат невистини за Венко Филипче.
Очигледно Бојан Стојановски одработува за нечии бизнис интереси штим зборува лаги во кои ниту тој самиот не верува.
За катастрофалната економска состојба во која ја доведоа државата се знае кој е крив, тоа е ВМОР-ДПМНЕ и неспособната влада.
А Бојан Стојановски може да докаже на дело дека навистина мисли на работниците и на граѓаните, во македонското Собрание.
Еве, за почеток нека ги поддржи предлозите на СДСМ за:
-зголемување на минималната плата на 500 евра,
-укинување на ДДВ за храната и основните прехранбени производи,
-континуирано покачување на платите во сите сектори.
Понатаму, нека ги повика и неговите колеги од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за овие решенија и да побара од неговата влада да се откаже од луксузирањата со парите на граѓаните за папаја и манго.
Ќе го направи ли ова Бојдан Стојановски и зошто не?
Центар за комуникации СДСМ