Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Без план и без резултати, за една година се распаѓа владата на ВМРО-ДПМНЕ

Foto martin kostovski.jpg

Прес-конференција на Мартин Костовски, организационен секретар на СДСМ

Почитувани граѓани,


Неполна година по формирањето на Владата, големата лагата наречена „Горда Македонија” се распаѓа пред очите на граѓаните. Ова е логична последица на она што граѓаните го трпат и чуствуваат, целосна нефункционалност на пазарџиска Влада која работи само за лични интереси.

Вчера на површина излезе вистината која ја говориме од првиот ден. ВМРО-ДПМНЕ е без план и концепт, нивната Влада работи само за свои лични интереси. Таа од прв ден функционира како машинерија за пазарење – кој ќе добие директорско место, кој ќе добие тендер, кој ќе вработи повеќе свои. Ветувањата од кампањата буквално како да никогаш не биле дадени.

Излегувањето на Алијанса за Албанците е првото официјално признание на владините партнери дека оваа Влада не води никаде. Признание дека ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН се коалиција од интерес. Таа е склопена од луѓе што не веруваат еден во друг, немаат заеднички планови и политики, туку само личен интерес.

Оваа Влада сама себе се јаде одвнатре, а граѓаните се тие кои трпат заради тоа.  А додека тие се занимаваат само со функции и политички интереси, граѓаните преживуваат. Животот поскапува секој месец. Платите не мрдаат. Институциите се нефункционални. Нема ниту еден вистински проект, ниту една сериозна реформа. Економијата стагнира, младите се иселуваат, а Владата се гоштева на сметка на народот.

Почитувани граѓани,

Секој што останува дел од оваа коалиција, свесно ја продолжува штетата. Останува за тендер. Останува за функција и одржување на Влада која докажа дека работи само за себе, не за граѓаните.

Македонија нема време за експерименти и лажна стабилност. Оваа Влада мора да си замине, затоа што не постои држава што може да се опорави додека на власт е група калкуланти и политиканти.

СДСМ ќе продолжи да ја разобличува оваа власт, но уште поважно – ќе продолжи да се подготвува да ја врати одговорноста, визијата и редот во државата. Затоа што Македонија заслужува вистинско раководство, а не пазарна коалиција од интерес.

Можете да прочитате

Во угостителски објект во Прилеп фрлена бомба, СДСМ бара разрешување на началникот и на командирот

Регионалната конференција „Empowered” во Скопје ги обедини актерите од Западен Балкан за поголема инклузија на лицата со попреченост

Спасовски: Законот за Кочани беше можност да покажеме единство, солидарност и промена на системот