Утрински Весник
Македонија

СДСМ бара одговорност од Тошковски по вчерашното убиство во Штип

Bogdanka sdsm.jpeg

Прес-конференција на Богданка Кузеска од СДСМ:

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,


Безбедноста на граѓаните е сериозно загрозена. Македонија гори од насилство, убиства по улици, криминал и безредие.

Вчерашното убиство во Штип дополнително ја вознемири јавноста.

Дивеење како на филм, за на крај да слушнеме за убиство на уште еден млад човек.

Како е возможно турски државјанин да поседува пиштол?

Чие е возилото со кое бегал и пукал дури и на патарина?

Кој го дозволил ова безредие или најточно кажано АНАРХИЈА?

Почитувани,

Општ хаос се случува по македонските улици.

Нема ден, а да нема убиство, тепачка – граѓаните стравуваат за својата безбедност – не е сигурно ниту на улица, ниту во кафе бар, ниту дома.

Вчерашното убиство во Штип, во кафе бар, е само последно во низата убиства што се случија изминатава година и тоа јавно пред сведоци.

Ова е доказ дека министерот за внатрешни работи Тошковски ја губи контролата врз безбедноста на државата.

Тошковски не само што нема капацитет да се справи со криминалот и да ја  гарантира безбедноста на граѓаните – туку и дозволува негово слободно ширење на улиците, па дури во полициските станици.

За 10 месеци Македонија се претвори во Див Запад. Серија убиства се случија само во Скопје – убиство во Мавровка, Бит Пазар, Чаир, Шуто Оризари.

Разбојништвото и кражбите станаа секојдневие.

Криминалнците се пресметуваат по улици, се фрлаат бомби во дворови на граѓани.

Луѓето се плашат да излезат од дома, додека премиерот Мицкоски дели благодарници за наводна „успешност” на министерот Тошковски.

За што, за неспособноста да се заштити еден единствен граѓанин во сопствената држава?

Вака ли изгледа визијата на ДПМНЕ  за  „Сигурна Македонија”?

Живееме во држава во која како на филм се фрлаат бомби по дворови,  децата растат со звук на сирени и куршуми.

Ова е реалноста –  а не лажните ПР кампањи на ВМРО ДПМНЕ и на Мицкоски за тоа колку добро се живее во нашата државата. Македонија е далеку од Скандинавија, како што сака да прикаже премиерот Мицкоски.

Македонија се соочува со  безбедносна криза. Министре Тошковски, уште убиства е потребно да се случат за да ви пропаботи совеста и да превземете одговорност.

СДСМ бара целосно расветлување за убиство во Штип и одговорност за секој друг нерешен случај.

Можете да прочитате

СДСМ: Од Осака до Венеција – Љутков е министер за култура или министер за туризам?

Некој им ги подготвува говорите на мајката и таткото, ова не е ни прва ни последна сообраќајка, вели Дуковски за предметот за усмртената Фросина

Маж со нож се шетал и заканувал по Широк Сокак во Битола – итно е уапсен