Утрински Весник
Македонија

СДСМ бара Ковачки да им се извини на новинарите

Sdsm 2.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

СДСМ го осудува недоличното однесување на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки кој денеска во Собранието попречувал новинари да земат изјава од партиски назначениот директор на АНБ, Бојан Христовски, не дозволувал да му се поставуваат прашања и грубо ги клеветел новинарите.

Ова однесување многу потсетува на режимското време на ВМРО-ДПМНЕ и односот кон новинарите и претставува напад врз слободата и вредностите на едно демократско општество. Јасно е дека матрицата на оваа партија не е променета.

Секој обид за попречување, заплашување или дискредитација на новинарите претставува директен напад врз слободата на изразување 

Драган Ковачки и ВМРО-ДПМНЕ треба да излезат и да јавно да им се извинат на новинарите.

Можете да прочитате

Постуден јануари со можни снежни бранови низ регионот

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе