Утрински Весник
Македонија

СДСМ бара ДКСК да го истражи случајот на синот на Мицкоски

Sdsm Sdsm.jpeg

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Ја поздравуваме одлуката на ДКСК да започне постапка и да се истражи патувањето на синот Мицкоски во Вашингтон. Јавноста мора да знае од кои пари е платено тоа патување. Мицкоски се крие два дена, да не ги објави приватните сметки и со тоа јасно потврдува дека такви сметки воопшто не постојат.

Денешниот обид за спин на ВМРО-ДПМНЕ со наводно барање ДКСК да го истражува имотот на пратеничката Славјанка Петровска, е само уште една потврда дека нешто сериозно смрди во фамилијарната прошетка на Мицкоски со синот за Вашингтон.

ДКСК мора да остане независна и да не подлегне на овие притисоци од ВМРО-ДПМНЕ. Ги повикуваме во најкусо време да истражат и одговорат дали се злоупотребени државни пари за приватните патувања на семејството на Мицкоски.

Можете да прочитате

Муцунски се сретна со претставници на „Македонија 2025“

Уапсено лицето кое ја нападна бугарската амбасада во Скопје

Здравствените работници ќе може бесплатно да се вакцинираат против хепатитис Б