Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Арсовска и Мицкоски да се договорат за медот за на Скопје конечно да му тргне

Sdsm Web Default 1024x576 1.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Соопштение на СДСМ:

Добро е што конечно се одржа средба меѓу Мицкоски и Арсовска, граѓаните конечно на едно место можеа да ги видат оние кои го уништија Скопје.

Се надеваме дека на оваа средба се разговарало и за поделбата на медот за конечно да престанат меѓусебно да се блокираат и да го уништуваат Скопје.

Арсовска, Мицкоски и Перински треба да излезат заедно на прес конференција и да кажат што планираат да прават во однос на проблемите со ѓубрето, автобусите и целиот хаос во кој тоне градот, наместо да пуштаат празни соопштенија и да ги фрустрираат скопјани.

СДСМ со години предупредува дека пропаднатите зделки и бизнис интереси се единствената причина зошто и Мицкоски и Арсовска се скараа.

Тие сега имаа можност конечно да ги надминат недоразбирањата и во овој краток период кој им преостанува до локалните избори да барем малку ја поправат состојбата.

Но, очигледно според она што го објави Владата, не успеале ни сега да се договорат за своите интереси па скопјани повторно ќе бидат жртви.

Можете да прочитате

Постуден јануари со можни снежни бранови низ регионот

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе