Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Антидржавно ВМРО-ДПМНЕ среде криза блокира закони во Собрание

Пратениците изгласаа продолжување на кризните состојби заради недостиг на електрична и топлинска енергија

Среде глобална економска и енергетска криза, антидржавното ВМРО-ДПМНЕ се однесува несериозно и неодговорно. Додека глумат загриженост за кризата, кочат и блокираат педесетина закони во Собранието, во соодветните собраниски комисии и на пленарните седници, од кои голем дел се за полесно пребродување на кризата, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата наведуваат дека од една страна од Белата плата тврдат дека се загрижени за граѓаните во време на криза, а од друга страна го блокираат законот за задолжување во Европската банка за обнова и развој кој што обезбедува ликвидни средства за нормално функционирање на ЕСМ. Со блокадите на законските решенија за полесно справување со кризата, ВМРО-ДПМНЕ им нанесува штета на граѓаните и на стопанството.

Владата предводена од СДСМ обезбеди пакет мерки за надминување на кризата во вредност од 750 милиони евра, што претставува 5,5 отсто од БДП и е најголем во споредба со државите од Западен Балкан.

За помошта да стигне што поскоро до оние на кои им е најпотребна, потребни се измени на законски решенија, а не блокади, кочење и опструкции. ВМРО-ДПМНЕ треба да прекине со неодговорното однесување и да застане на страната на граѓаните, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Нов земјотрес пред полноќ во Македонија

Скопје и Тетово вечерва меѓу најзагадените градови – Македонија вечерва на второ место во Европа по загаденост

Собранието го усвои ребалансот на Буџетот – власта зборува за развој, опозицијата за предизборен поткуп