Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Јаневска, дали заради партиски вработувања нема образовни асистенти во училиштата? 

Sdsm Sdsm.jpeg

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Министерката Весна Јаневска призна дека нема образовни асистенти во училиштата и дека децата со попреченост седат дома, неместо во училиште.

Ниту едно дете со попреченост се уште не е на училиште, само затоа што министерката Весна Јаневска не ја заврши постапката за над 800 образовни асистенти.

МОН на чело со Јаневска го попречува остварувањето на основното правото на децата-ученици со попречност за задолжително основно образование.

Јаневска треба да одговори дали овој проблем е всушност заради партиски вработувања? 

Дали се правени списоци по Општинските Комитети на ВМРО-ДПМНЕ за кој да се вработи и затоа се касни со целата постапка?

Ова е безобразно и целосно спротивно на начелата на Законот за основно образование кој гарантира најдобар интерес и целосен развок на ученикот, еднаквост достапност и инклузивност.

Можете да прочитате

Зел 7.500 па побарал уште 10.000 евра мито, се бара притвор за помошник директорот во Царина

Дајмонд Мол со две европски награди за најдобар проект од областа на општествената одговорност 

ВРЕДИ: Случајот Ласкарци е симбол на неуспехот на судството