Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Ако сѐ било по пропис со користењето на авионот зошто Владата не ги објавува листите со патници?

Sdsm.webp.webp

Соопштение за јавност на СДСМ:

Доколку користењето на владиниот авион од било целосно согласно законите и прописите, тогаш зошто Владата упорно одбива да ги објави листите со патници?

Што се крие од јавноста?

Според Мицкоски, на Јадранско море прво отишол со комерицијален лет со семејството, па го продолжил одморот, па бил на вечера, поради што го прпошутил комерцијалниот лет за враќање па затоа морал да се враќа со владиниот авион од Сплит.

Генералната декларација (General Declaration) е задолжителен документ во меѓународната авијација што се доставува за да се идентификува воздухопловот, неговиот екипаж и патниците и мора да се приложи за секој меѓународен лет.

Еве, Владата нека ги објави документите, за да видат граѓаните кој се патувал со владиниот авион и колку тоа ги чинело.

Граѓаните го плаќаат авионот. Граѓаните ги плаќаат летовите. Граѓаните ги плаќаат трошоците за екипаж, одржување и гориво.

Затоа граѓаните имаат право да знаат:

Кој сѐ летал со владиниот авион?

Колку точно чинел секој лет?

Особено што нема пари за плати, нема пари за 600 евра минимална плата, се кратат 3 милиони евра од пациентите со ретки болести, се кратат 40 милиони евра од земјоделците.

Ако сѐ било законски – објавете ги списоците. Ако нема што да се крие – покажете ги документите.

Јавноста заслужува одговор.

Можете да прочитате

Одрон и на патот Скопје – Велес: Сообраќајот кај првиот тунел се одвива по една лента

СДСМ: Мицкоски ја елиминираше Ленче Ристовска, независната кандидатка за јавен обвинител

Утрово забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци