Утрински Весник
Македонија

СДСМ ја поднесе иницијативата до Уставен суд, бара укинување на резолуцијата на ДПМНЕ и ЗНАМ

Sasha sdsm 3.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Соопштение на СДСМ

СДСМ денеска поднесе иницијатива до Уставниот суд за укинување на неуставната Резолуција на ДПМНЕ и ЗНАМ усвоена во Собранието.

– Кога Уставниот поредок и основните човекови права се загрозени, потребна е заедничка акција. Денеска СДСМ поднесе иницијатива до Уставниот суд против неуставната Резолуција на ДПМНЕ-ЗНАМ усвоена во Собранието. Конкретно, за повреда на дел 1 од Уставот, членот 16, кој ги гарантира: слободата на говорот, слободата на јавниот настап, слободата на уверувањето и јавното изразување. И кој забранува цензура во секаква форма, посочи генералниот секретар на СДСМ, Александра Саша – Димитријевиќ, на денешната прес-конференција.

Тој нагласи дека резолуцијата е неуставна и претставува сериозна закана за демократијата.

„Неуставната Резолуција е директен напад на слободата на говорот и слободата на политичко дејствување на опозицијата во целост, преку цензура. За тема од исклучителен јавен интерес. Граѓаните тоа многу добро го знаат, за еден договор со Британија за кој јавноста дозна од британските медиуми, поврзан и со заем од 6 милијарди евра. Оваа тема никако не може да се третира како создавање паника и како закана за јавната стабилност. Не може Резолуција во Собрание да биде против „наративот на опозицијата” и да се заканува повикувајќи се на кривичен законик, прекршоци и кривични пријави заради искажан збор, посочи Димитријевиќ додавајќи дека Уставниот суд мора да ја укине оваа неуставна Резолуција.

Можете да прочитате

Нов модел на специјализации, темелно се менува пристапот за креирање медицински кадар

Николоски и Мисајловски на работна посета во Република Унгарија

Кампања „Сигурни празници, без употреба на пиротехника“, годинава запленети трипати повеќе пиротехнички средства