Утрински Весник
Македонија

СДСМ:  12 дена нема одговор како 5 тони дрога вредни 40 милиони евра поминале граница

Sdsm1.jpeg

Соопштение на СДСМ:

12 дена власта молчи. 12 дена нема одговор на едноставно прашање:  Како 5 тони дрога, вредни околу 40 милиони евра, ја поминале македонската граница и завршиле во Србија?

Кој ќе одговара? 

Наместо одговори власта прави дефокус и шири медиумска магла.

Премиерот Мицкоски, исто така не одговара на прашањата, се прави дека ништо не знае. Но лицитира по медиумите: 25 тони, 40 тони, сега најавува 100 тони запленет канабис.

Ако фирми работеле нелегално, ако произведувале канабис нелегално, скалидаре нелегално, зошто владата го дозволила тоа нелегално производство и складирање?

Кој ќе одговара затоа што контроли не биле спроведени 2 години наназад? 

Неговите кадри во МВР, Здравство, Земјоделие?

Дали државата давала субвенции за овие компании изминатите 2 години? Што ќе се случи ако тие компании побараат отштета? Колку ќе чини оваа медиумска пропаганда која на крај ќе ја платат граѓаните?

Во меѓувреме, медиумите во Србија објавуваат нови информации што отвораат сериозни сомнежи. Според тие информации, уапсен функционер на Српска напредна странка (СНС), сестринска партија на ВМРО, поврзан со заплената во Крушевац, бил близок со српскиот министер за одбрана Гашиќ и изјавил дека станува збор „за државна работа”.

Доколку ова се потврди, се отвораат нови сомнежи за можна поврзаност и на други функционери блиски до ВМРО.

Прашуваме јавно: Каква е улогата на директорот на СОЗР, Томовски, кој во меѓувреме стана организациски секретар на ВМРО?

Мора да се спроведе итна и независна истрага, со целосна транспарентност и да се лоцира  одговорност за сите вмешани, без разлика на функција или партиска припадност.

СДСМ нема да дозволи овој случај да се заташка. Сите ќе одговараат.

Можете да прочитате

Почнаа вонредните контроли на фирмите што произведуваат медицински канабис, ќе се проверуваат 43 лиценци

Хоџа:  Регионалниот систем за отпад е реалност, затоа 2026 е година на промени

Да се подобрат состојбите и да зголеми довербата на граѓаните во судството – очекува новиот член на Судскиот совет, Садула Изари