Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

СДСМ: 100 милиони евра макрофинансиска поддршка за Македонија, придобивките од ЕУ на дело

СДСМ: BМРО-ДПМНЕ им служи на туѓите интереси и работи против членството во ЕУ
Img 7972

ЕУ одобри макрофинансиска помош од 100 милиони евра за Република Северна Македонија, со кои Унијата го поддржува планот на нашата држава за справување со енергетската криза и реформите важни за евроинтеграцискиот процес, информираат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Ова, како што велат, е конкретна, силна финансиска поддршка и директна придобивка од процесот на интеграција во ЕУ.

„Преку овие 100 милиони евра кои ќе се користат во 2023 и 2024 година, ќе се поддржат фискалната одржливост и структурните реформи за фискално управување, даночната политика, управувањето со јавните инвестиции, јавно-приватните партнерства, деловното окружување, транспарентноста во државната помош, енергетската ефикасност, реформите во судството, како и борбата против корупцијата. За потсетување, нашата држава и 2020 и 2021 година користеше 160 милиони евра макрофинансиска поддршка од ЕУ за справување со економските последици од коронавирусот“, истакнуваат од СДСМ.

Сето ова, според нив е уште еден показаел колку е важно процесот на реформи да продолжи, со отворањето на првите поглавја и со забрзување на интеграцијата, поддршката од ЕУ ќе биде се поголема, а нашите граѓани ќе добиваат поквалитетни услови за живот, но и за развој на сопствените бизниси.

Можете да прочитате

37 обвинети, 33 адвокати и 250 оштетени судењето за „Пулс“ ќе биде правен маратон

Забрчанец: Дали Мицкоски се правда или бара мандат кој ќе трае со децении?

Филипче од Свети Николе: СДСМ се бори Македонија да биде дом за сите, а не приватен имот на власта