Утрински Весник
Македонија

СДСМ: 100 дена влада а ниту еден проект, Пирински се кити со наследени проекти од СДСМ

Sdsm 1.jpeg

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

100 дена Влада на Мицкоски и ДПМНЕ е период во којшто не беше реализиран ниту еден конкретен проект. 

Освен враќањето на оградата пред Владата и споменикот на Ќосето, друго нема.

Затоа денеска Пирински мораше да се кити со тековни и наследени проекти од времето на СДСМ кои се реализираат на годишно ниво.

Уште едно разочарување и неисполнето ветување од Владата на Мицкоски се најавените 100 милиони евра за развој и поддршка на општините, кои оваа година нема да се реализираат.

Бидејќи парите ќе се исплаќаат директно од буџетот до изведувачите а не преку општините, оваа година реализацијата на средствата е речиси невозможна или ќе биде минимална. 

За разлика од ова, СДСМ реализираше проекти вредни 265 милиони евра во општините на далеку поефективен начин.

Освен неспособноста којашто ја манифестираше во изминатите 100 дена Владата на Мицкоски изврши директен удар и врз децентрализацијата и автономијата на општините.

Можете да прочитате

СДСМ утре на Конгрес ќе избира ново раководство

Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз

Три години од трагедијата во Бугарија во која загинаа 45 македонски државјани