Утрински Весник
Македонија

СДС падна на многу ниски гранки чим меша деца на Мицкоски за политички поени, патувањето на синот државата не ја чини ништо, тој не е дел од делегацијата, вели ВМРО-ДПМНЕ

Fb Img 1720903601152.jpg

„СДС падна на многу ниски гранки чим меша деца на Мицкоски за политички поени, патувањето на синот државата не ја чини ништо, тој не е дел од делегацијата“,вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:

„СДС се спушти на многу ниски гранки чим си дозволи брутално да ги меша децата и најблиското семејство на премиерот Мицкоски. Не е малку што со години е предмет на најцрната кампања од СДС, за да сега Петровска која доживеа изборен дебакл го вмешува синот на Мицкоски. Тоа значи дека го пробија дното.

Фактите се следни:

Синот на Мицкоски не е дел од официјалната делегација во НАТО самитот. Иако претседателот Мицкоски има право на придружен член на делегација, патувањето на неговиот син државата не ја чини ништо, односно сите трошоци се подмирени приватно од семејството на Мицокски. За разлика од времето кога премиерот на СДС Ковачевски ги донесе децата како членови на официјална делегација.

Ако делегацијата сакала да сокрие нешто сигурно немаше да има фотографии од истата. Напротив се е транспарентно.

Ефектите од патувањето на претседателот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се повеќе од очигледни.

Над 20 средби со лидери на држави членки на НАТО.

Средба со врвот на НАТО.

Достоинствено преставување на македонските интереси.

2 крупни инвестициски одлуки.

Нова инвестиција на Вабтек, 35 милиони евра и над 100 вработувања.

Специјална економска соработка со Унгарија, 500 милиони евра за компаниите и општините.

Токму поради ова поразено однесување на СДС на наредните избори тие 180 илјади гласови кои ги освоија на последните избори ќе им бидат недостижна цел“.

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа