Утрински Весник
Македонија

СДММ: Возел пијан, без возачка, направил сообраќајка – бараме оставка од пратеникот Сергеј Попов

448314775 789015946702594 802391780845283120 N.jpg
Dik 300x250 mk

Интегрален текст од денешната прес-конференција на Социјалдемократската младина на Македонија, Трајче Стојчевски – претседател:

Почитувани,
Додека младите во Македонија протестираат, бараат правда и безбедност на улиците, се објави голем скандал кој го покажа вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ.


Сергеј Попов, актуелен пратеник и претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, во 2014 година возел пијан, без возачка дозвола и предизвикал сообраќајка во која повредил жена!

Поради ова е осуден за тешко кривично дело – возење без дозвола, под дејство на алкохол и предизвикување тешка сообраќајна несреќа. Вакво неморално однесување е во суштина идентично како однесувањето на сторителот на сообраќајката на младата Фросина.

Сто тоа што убиецот на Фросина е во затвор, а Сергеј Попов е пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. Ете какво е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, сосема спротивно на се што младите сакаат и за што се борат и залагаат.

После ова ниту Попов ниту ДПМНЕ немаат право јавно да ги повикуваат младите, ниту на протести ниту да ветуваат промени. Не може осуден за несовесно возење без положен возачки испит, за возење под дејство на алкохол и за предизвикување сообраќајна несреќа, да зборува за правда и системски реформи.

Заради таквите како него младите се незадоволни и се на улиците.

Сергеј Попов е дел од системот што убива и мора да понесе одговорност, да си даде неотповиклива оставка од функцијата пратеник и оставка од функцијата претседател на вмровската УМС.

Младите заслужуваат одговорни и чесни претставници без скандали и кривични пријави зад себе.

Можете да прочитате

ВО МАКЕДОНСКИОТ КИЦ ВО ЗАГРЕБ ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБА ЗА ФОТОГРАФИТЕ АРСОВСКИ КОИ ГИ ПОВРЗАА СКОПЈЕ И ЗАГРЕБ

„Во вториот круг се бориме за 17 места, граѓаните масовно да излезат на гласање“, повика СДСМ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ би имале 52 пратеници а СДСМ 21, изгубија 140.000 гласови и попусто лажат со весели математики