Утрински Весник
Македонија
Img 7972

„Сцена за сечиј сон” – Отворен 4. Интернационален фестивал на детски театри „Игор Маџиров” во Скопје

Tdm 5.jpg
Dik 300x250 mk

Под слоганот „Сцена за сечиј сон”, вчерва во Театарот за деца и младинци – Скопје свечено беше отворено 4. издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров”, кој ќе се одржува од 15 до 18 октомври во Скопје.

Фестивалот, во организација на Театарот за деца и младинци, оваа година го става фокусот врз младите, кон тие што бараат одговори, кон нивните светови, нивните дилеми, нивните надежи. Претставите што ќе бидат изведени не ги раскажуваат младите, но се за нив, за тоа како растат, се менуваат, се борат и сонуваат.


На свеченото отворање, свое обраќање имаше министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.

„Да се игра за деца и младинци е подарок. А да им се зборува преку театарот со нивниот јазик, да им се одговара на нивните прашања и нивните соништа – тоа е храброст. Токму оваа сцена го носи најчистото, најдлабокото и најважното во театарот: искреноста на децата, храброста на младоста и силата на сонот. Фестивалот е начин да им се обратиме на младите и да им кажеме: ви посветуваме сцена. Вие сте нашата инспирација”, рече Љутков.

Тој потсети и на значењето на Игор Маџиров – актерот и визионерот по кого фестивалот го носи своето име.

„Игор беше и ќе остане вечното дете во светот на театарот. Во негова чест, овој фестивал и секоја претстава е и спомен и продолжение”, рече Љутков.

Фестивалот годинава ќе понуди богата програма со претстави од земјата и странство, а на сцената на Театарот за деца и младинци ќе се чествува младешкиот дух, имагинацијата и уметноста како простор за разговор со новите генерации.

Инаку на отворањето беше изведена претставата „Франкенштајн” на Кокан Младеновиќ, претстава која изминатата недела ја доби наградата од публиката на програмата наменета за тинејџери „Мали МЕСС”, во рамките на 65. Интернационален театарски фестивал МЕСС во Сараево.

Можете да прочитате

Реакција на Министерството за култура и туризам во врска со оштетувањето на куќата на Владо Малески во Струга

Директорот Ристески си направил синдикат, брат му уште еден – скандалозен конфликт на интереси во М-НАВ

Алиу: Болницата во Прилеп доби нова медицинска опрема во вредност над 50 милиони денари, во тек е и постапка за вработување 124 лица на неопределено време