Утрински Весник
Спорт

Саудиските газди на Њукасл вкупно инвестирале 450 милиони фунти во клубот

Саудиските газди на Њукасл вкупно инвестирале 450 милиони фунти во клубот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Сопственичката компанија на Њукасл јунајтед уфрлила дополнителни 70,4 милиони фунти во клубот во инвестиција за „инфраструктурата и дневните операции“, со што од преземањето на клубот вкупно инвестирале повеќе од 450 милини фунти.

dobivaj vesti na viber

Конзорциумот предводен од саудискиот државен фонд ПИФ, заедно со „ПЦП капитал партнерс“ на Аманда Стевели, го купи Њукасл за 300 милиони фунти во октомври 2021 од непопуларниот дотогашен газда Мајк Ешли. Една година по преземањето, Њукасл под водство на Еди Хау е на третото место во Премиер лигата со 7 победи во првите 14 меча.

Њукасл потроши над 130 милиони фунти во текот на летото на засилувања плаќајќи 61 милион фунти за Александер Исак и 33 милиони фунти за Свен Ботман.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028

Џошуа повреден во сообраќајна несреќа со смртни последици

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов