Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Саудискиот крал Салман го поканил Зеленски да учествува како почесен гостин на арапскиот Самит

Казнета руска пензионерка која рекла дека Зеленски е згоден млад човек
Img 7972

Саудискиот крал Салман го покани украинскиот претседател Володимир Зеленски да учествува како почесен гостин на самитот на Арапската лига, што ќе се одржи оваа недела во Саудиска Арабија, јави ДПА, повикувајќи се на дипломатски извори во Ријад.

dobivaj vesti na viber

Агенцијата посочува дека средбата ќе се одржи в петок во крајбрежниот град Џеда во Саудиска Арабија.

Според дипломатските извори, ова ќе биде можност за саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман да разговара со украинскиот претседател Зеленски за начините за ставање крај на војната во Украина преку изнаоѓање заеднички позиции кои би довеле до почеток на преговорите меѓу Москва и Киев. Засега нема потврда за оваа информација од Киев.

Саудиска Арабија во повеќе наврати нудеше да посредува во конфликтот меѓу Русија и Украина. Минатата година Ријад соопшти дека посредувал меѓу Русија и Украина за ослободување на 10 воени заробеници од различни земји.

Кралството и неговите соседи од Заливот продолжија да ги одржуваат односите со Русија дури и откако Москва ја започна својата целосна инвазија на Украина минатата година.

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот